Легендарниот Стив Кер повторно говореше за документарниот филм посветен на Чикаго Булс, „Последниот танц“, и неговиот став околу тоа дека Тони Кукоч заслужувал поголема почит од јавноста.
„Откако ја освоивме титулата во 1998 година, Фил Џексон ги повика кошаркарите и тренерите на вечера во Чикаго. Јас ја кренав чашата и реков ’Ова е за Тони, бидејќи никој не мораше да го помине тоа што го помина тој’. Трпеше неподнослив притисок од Мајкл и Скоти и покрај тоа успеа да се избори со се. Џордан и Пипен го „газеа“ цело време бидејќи беше омилен на „омразениот менаџер“ Џери Краус, а Тони сакаше само да игра. Затоа својата здравица му ја посветувам на него, бидејќи и покрај се докажа дека е фантастичен кошаркар“, се потсетува на говорот од последната вечер на династијата на Булс, Стив Кер.
1998 година беше последната титула на Чикаго во НБА лигата, по која Мајкл Џордан замина во пензија, Пипен беше трејдуван во Хјустон, Кер замина во Сан Антонио со кој освои уште два прстена, а Кукоч играше за Филаделфија, Атланта и за Милвоки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА