Денис Родман, без сомнение, е најконтроверзниот кошаркар во историјата на овој спорт. Нереален на паркетите во НБА лигата, а надвор од него уште понепредвидлив, во секоја смисла.
Родман неодамна призна дека спиел со повеќе од 2.000 жени, често завршувал во кревет со проститутки а често си бил и во убаво друштво на познати пејачки, актерки, модели…
Но, целата историја можеше да биде променета во 1993 година кога Родман е пронајден како спие во автомобил со сачмарка во рака. Сакал да се самоубие, но слушајќи музика заспал.
„Напишав и писмо со збогум за моите најблиски. Ја зедов сачмарката и отидов на паркинг, но пуштив и музика затоа што сакав да заминам на тој начин. И слушајќи ја музиката на Прл Џем сум заспач. Сачмарката ми останала во рака, и одеднаш ме разбуди полиција. Околу мене се беше затворено со полиција. Потполно заборавив на оружјето во рака, не знаев што се случува“ – раскажува Родман, дополнувајќи за причините за желбата да се самоубие.
„Се чувствував некако предадено. Сакав да бидам сакан, а бев опкружен од личности кои само сакаат да ме искористат. И екипите почнаа да ме бркаат, па дојдов до некоја точка по која не можев да издржам“.
Но, се извлече од таа ситуација. Таа година се пресели од Детроит во Сан Антонио, за да потоа се пресели во Чикаго булс каде ја доживеа најголемата слава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА