„Само еден човек го контролираше хаосот во кој живееше Родман“

Во моментите на промоција на документарниот филм „Последниот танц“ во чест на Мајкл Џордан и златната генерација на Чикаго, авторот-уредник од ЕСПН, Тим Кеон се потсетува на деновите од 1995 година мината живеејќи заедно со Денис Родман кога ја пишувал неговата автобиографија „Лош колку што сакам да бидам“.

„Две недели со Родман звучи како сон, но во реалност тоа изгледаша така што панично се обидував секој ден да ми раскажува приказни кои треба да бидат книга. Сликата која најдобро го опишува тој болен процес е како Денис, легнат на каучот со далечинско во раката постојано гледа телевизија и незаинтересирано само мумла некакви си одговори на моите прашања. А јас целиот се потам само да извлечам нешто“ – се потсетува Кеон.

Сепак, не недостасувале родмановски доживувања…

„Имаше ден кога само седев и чекав да му ги лакираат ноктите на Денис во розева боја. Кога ќе завршеше од салонот ќе ми ги фрлеше клучевите од ферарито да возам се додека не му се исушат ноктите. Внимавав на неговото оружје, на хаосот околу него, на се поврзано… И може да кажам дека Родман е подвижна легенда, со сите оние тетоважи и обетки по телото, и сите можно бои на себе, беше еден од главните феномени на тој Чикаго. Вистински спортски херој на маргинализираните и огорчените, на оние неразбрани од околината луѓе. Иако беше хетеросексуалец, ја прифаќаше геј-културата, а беше силен борец за сите оние заразени од сида. Денес е неразбирливо колку сите тие негови потези беа радикални за тоа време. Неговите признанија за личната ранливост беа зборови кои дотогаш никогаш не беа слушнати од славен спортист. Родман има огромно значење за зборот спортист во САД“ – вели Кеон.

Се вчитува...