И Пипен револтиран од начинот на кој е прикажан во „Последниот танц“

Факт е дека Скоти Пипен е десната рака на Мајкл Џордан на патот до големата слава со златната генерација на Чикаго булс. Токму и затоа Пипен има запазена улога во документарниот филм „Последниот танц“.

Но, многумина останаа разочарани од начинот на кој се прикажани во документарецот. Американските медиуми тврдат дека меѓу нив е и Скоти Пипен кој бил лут на Џордан поради начинот на кој е презентиран во филмот.

„Мајкл Џордан ја призна својата огромна љубов кон Пипен. Го означи како најдобар соиграч кој го имал, потенцирајќи дека никогаш не би го достигнал својот кошаркарски зенит без него. Но, откако документарецот се прикажува Пипен е тивок воопшто не сакајќи да коментира во јавност затоа што е навреден и разочаран како е тој претставен во филмот“ – тврди Џеки МекМулан.

Во еден дел во документарецот Пипен е опишан како човек кој не се грижел многи за тимот. Опишан како човек кој намерно чекал да почне сезоната за да ја оперира повредената нога, па Џордан го нагласи тоа како себична одлука на соиграчот.

Очигледно тоа го навредило Пипен кој, според тврдењата на ЕСПН, смета дека е прикажан како себичен и арогантен. Сето тоа ја нарушило дополнително довербата меѓу некогаш двајцата извонредни кошаркари. Прашање е каков однос, по овој документарец, Мајкл Џордан ќе има и со останатите соиграчи затоа што ретко кој од нив е прикажан во позитивно светло. Најреволтиран беше Хорас Грант, прикажан како „крт“ во соблекувалната кој ги пренесувал тајните на медиумите.

Се вчитува...