Лошото момче во тенисот, Ник Кирјос повторно со скандалозна изјава, овојпат на тема жени и неговиот сексуален однос. Тој во март месец ја прекина врската со руската тенисерка Ана Калинскаја и веќе повеќе од два месеци е без сериозна врска.
„Искрено ви кажувам. Откако не сум во сериозна врска, спијам со мои фанови на седмично ниво. Секоја седмица имам нова девојка. Високите девојки од источните земји ми го освоија срцето. Едноставно обожавам такви девојки“, вели Кирјос.
Иако поради пандемијата од коронавирусот тениската сезона е суспендирана најмалку до средината на јули, очигледно на австралискиот тенисер тоа воопшто не му паѓа тешко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

