Денис Родман отсекогаш импонирал со својата егоцентричност, а поранешната НБА-ѕвезда во ист стил продолжува и по завршувањето на кариерата. За разлика од голем дел од соиграчите на Мајкл Џордан, кои гласно го критикуваа документарниот филм „Последниот танц“, Родман смета дека станува збор за автентично дело на кое никој не треба да се лути.
„Некој можеби се навреди, сметаат дека се неправедно критикувани за време на документарнот филм. Но, тоа е Мајкл Џордан, секогаш се сметаше себе за најголем, решен да освои се што може да се освои, а од соиграчите бараше да му помогнат во тоа. Да бидам искрен, Мајкл секогаш говореше во множина, сакаше да бидеме колектив, силна екипа, но дел од играчите не беа доволно силни за да го издржат притисокот што им го наметнуваше“, истакнува Родман.
Тој смета дека имал нормален однос со големиот ас поради фактот дека не стравувал од него.
„Фил Џексон е релаксиран како човек и како тренер, но Мајкл беше напнат, тој отсекогаш покажуваше дека сака да стане познат во спортската јавност. Мене тоа не ми беше важно, не ми беше гајле за Џордан бидејќи јас и од претходно бев познат“, открива Денис Родман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА