Централниот терен на „Ролан Гарос“ конечно доби покрив

Пандемијата од коронавирусот како и на остатокот на спортскиот свет влијаеше и на календарот на АТП и одигрувањето тениски турнири.

Доколку се беше во најдобар ред денеска требаше да почне вториот Гранд-слем во сезоната, Ролан Гарос. Сепак, поради проблемите со пандемијата тој е одложен за крајот на септември, но се уште е под знак прашалник дали ќе има услови и тогаш да се одржи.

Сепак, организаторот информираше дека централниот терен „Филип Шатрие“ доби покрив и од следното издание натпревари ќе може да се играат и доколку има проблеми со времето во главниот град на Франција. Ролан Гарос е последен од Гранд-слем турнирите кој конечно доби затворен терен.

Како за спредба на Вимблдон и УС опен веќе има по два затворени терени, додека на Австралија опен се веќе три.

Се вчитува...