Факт е дека Скоти Пипен беше десната рака на Мајкл Џордан на патот до големата слава со златната генерација на Чикаго булс. Тој јавно го изрази своето незадоволство околу „Последниот танц“, а сега во нова изјава вели дека Џордан не е најдобар кошаркар на сите времиња.
„Коби многу сакаше да биде подобар од Џордан. Кога ќе се вратам назад и кога ќе се сетам на сите видеа кои ги имам изгледано од него, сам на себе морам да си кажам. По ѓаволите, тој навистина е подобар од Џордан“, изјави Пипен.
Мајкл Џордан кариерата ја заврши со шест освоени прстени, додека Коби собра еден помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА