Убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд се уште ја бранува американската јавност, по бројните насилни протести низ неколку големи градови во САД. Полицаецот што го усмрти Флојд клечејќи му неколку минути на вратот беше уапсен, но тоа не ги смирува страстите. Напротив, тие уште повеќе се разгореа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ги нарече протестантите „насилни криминалци“ предизвикувајќи бурни реакции во јавноста.
Еден од оние кои најжестоко го нападнаа Трамп беше тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, кој потенцираше дека со ваквото однесување Трамп самиот докажува дека никогаш не ни требало да биде избран за претседател.
„Трамп ги нарече копилиња играчите од НФЛ кои демонстрираа клечејќи за време на химната. Сега имаме луѓе кои протестираат против полициско насилство, а тој ги нарекува насилни криминалци. Еве зошто расисти никогаш не смеат да бидат избирани за претседатели“, порача Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА