Оргомна бројка играчи, проценката е околу 150, е на размислување да го откаже играњето во продолжението од сезоната во НБА лигата. Овој став се должи на повеќе причини.
Првенствено се работи за стравот од пренесување на коронавирусот. САД се втората најпогодена земја во светот според бројот на заболени. Втората причина се протестите кои се случуваат во САД против расизмот и полициската бруталност, а се поврзани со убиството на Џорџ Флојд. Третата прична е фактот што играчите се незадоволни од тоа што воопшто не биле консултирани за тоа кога и како да продолжи сезоната.
НБА лигата одлучи за еден ден да го промени рестартот на сезоната и наместо таа да продолжи според првичниот договор, тоа ќе се случи ден порано, пренесуваат американските медиуми. Локацијата останува „Дизниворлд“ на Флорида. Тренинг камповите ќе бидат отворени на 9. јули.
Драфтот годинава ќе биде на 15. октомври, а доколку има седми натпревар во финалната серија тој треба најдоцна да биде одигран до 12. октомври. Сезоната 2020/2021 според најновата одлука ќе почне на 1. декември. Сезоната во НБА лигата беше прекината во првата половина од март кога се појавија првите случаи на коронавирус во дел од тимовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА