Неодамна дел од словенечките медиуми погрешно пренесоа ставови на Јуре Дракслар, кондицискиот тренер на Лука Дончиќ, како физичката подготвеност на НБА кошаркарот е крајно лоша.
Медиумите во Словенија бомбастично ги пренесоа изјавите на Дракслар дека Дончиќ максимално се здебелил за време на карантинот поради пандемијата. Но, ништо од тоа не е точно…
„Првобитната реченица беше дека Лука не е во топ-форма за игра. А многу медиуми го заборавија тој збор ‘за игра’. Невозможно е кошаркар да биде во врвна форма во период во кој нема натпревари. А, всушност физички е добро подготвен и тренира напорно секој ден“ – дообјасни потоа Дракслар.
Сега, преку Инстаграм се огласи и самиот Лука Дончиќ кој остави интересен коментар токму откако беше објавен погрешниот цитат на неговиот кондициски тренер.
„Од каде тие информации? И мене ме интересира“ – напиша Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА