Шеснаесет кошаркари во НБА лигата се позитивни на коронавирус од направени 302 теста, пренесуваат американските медиуми. Комесарот на лигата Адам Силвер ја потврди оваа информација, која под знак прашалник го става продолжувањето на сезоната. Според договорот сезоната ќе треба да продолжи на 30. јули во „Дизниворлд“ во Орландо, Флорида.
Еден од потврдените случаи е центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ кој се зарази со вирусот во својата родна Србија. За потсетување НБА лигата беше суспендирана во месец март откако позитивен на Ковид-19 беше центарот на Јута Џез, Руди Гобер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА