Казарновски на чекор до Еуро Никел

Еуро Никел е на прагот да осигура ново засилување за наредната сезона, откако влезе во завршна фаза од преговорите со Антон Казарновски.

Русинот со израелски пасош е добро познат на македонската кошаркарска сцена, настапувајќи за Карпош Соколи, Блокотехна и Пелистер. Тој минатата сезона го носеше дресот на битолскиот клуб и беше меѓу најдобрите поединци, но „пелистерци“ потфрлија не успевајќи да обезбедат влез во Супер-лигата.

Казарновски на крајот се реши да остане во Македонија и за време на карантинот поради коронавирусот, а од неколкуте понуди на маса најблиску е да ја прифати онаа на Еуро Никел, со што би бил значително засилување за тимот на Горан Самарџиев.

Се вчитува...