Кошаркарската федерација на Северна Македонија ги објави протоколите за работа на клубовите во време на пандемијата на коронавирусот, како начин за превенција и заштита од Ковид-19, кои беа донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Согласно протоколите, тренинзите и натпреварите во рамките на кошаркарските натпреварувања, ќе се одвиваат без присуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјални лица, со исклучок на кошаркарите на терен, ќе мора да носат заштитни маски. Сите кошаркари/ки и членови на кошаркарските тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.
Протоколите за работа на кошаркарските клубови може да ги погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА