Скандал во Грција – Член на владата го нарече Јанис „мајмун, ш**ак и е*ен црнец“, веднаш заработи отказ

Скандал ја тресе Грција, откако сега веќе поранешниот интеркултурален инструктор во Советот за Европа и координатор за бегалското образование при грчкото министерство за образование, Константинос Калемис јавно го навредуваше Јанис Адетокумбо на расна основа.

„Што рековме дека тој мајмун точно работи? Треба да знае кој ја почести Грција со овој спорт. Благодарница. Тој не е човек, тој е ш**ак, е*ен црнец“, се само дел од коментарите на Калемис. 

Веднаш откако јавноста бурно реагираше на овие зборови на Калемис, тој го избриша твитер налогот, а реагираше и ресорното министерство кое му врачи отказ.

Се вчитува...