Периодот на карантин кој беше предизвикан од пандемијата на коронавирус во кој сите спортски настани беа суспендирани, единствена занимација за љубителите на спортот беше документарниот филм посветен на златната генерација на Чикаго Булс од 90-те години на минатиот век, предводена од најгоелмиот Мајкл Џордан „Последниот танц“. И скоро два месеци по завршување на документарецот во десет продолженија, се уште продолжуваат расправите за најдобрите денови во историјата на НБА лигата.
Направено е видео од најголемите тепачки во кариерата на големиот „Ем Џеј“, а се разбира најмногу ги имаше против генерацијата на Детроит Пистонс предводена од Ајзеа Томас, за која и ден денеска актерите во тие мечеви велат дека не само што нема меѓусебно почитување, туку има и голема омраза меѓу двете страни. Исто така тука се и инцидентите со Чарлс Баркли, Реџи Милер…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА