Неверојатно: Мора да си ги ампутира нозете ако сака да игра кошарка

Неверојатна приказна доаѓа од Велика Беитанија, каде Џорџ Бејтс, сериозно размислува за ампутација на нозете за да му биде дозволено да продолжи да игра кошарка. Бејтс е актуелен репрезентативец во кошарка во инвалидски колички, тој има „Судеков синдром“ поради што не може самостојно да оди, но по последните промени во правилото, тоа „не е доволно“ за да се смета за параолимпиец.

„Ова е огромно изненадување за мене. Веќе 15 години сум регистриран како личност со инвалидитет, се откажав од се останато во животот за да се посветам на овој вид на кошарка, десет години тренирам и ваквиот развој на настаните ме шокираше и ме повреди“, истакна Бејтс.

Досега меѓународниот кошаркарски сојуз не ги почитуваше препораките на Меѓународниот Параолимписки Комитет, но по последните закани дека сојузот ќе биде исфрлен доколку не ги следи правилата на останатите спортови.

„Сега одеднаш мојата состојба „не е доволна за да можам да бидам параолимпиец“. Нивниот правилник е крајно ограничувачки бидејќи не зема во предвид голем број различни инвалидитети. Процесот им е целосно „црно-бел“, а нашите состојби воопшто не се такви. Јас можев да ги ампутирам нозете на 14-годишна возраст, беше реална опција, но сепак решив да не го сторам тоа иако не можев да ги користам за одење. Од сегашна перспектива сигурно многу ќе си ја олеснев ситуацијата, но никогаш не помислив дека ќе се најдам во ситуација како парализирана личност да не ми биде дозволено да играм спорт за парализирани лица. Најпвин ќе испратам жалба, а доколку и тоа ми биде одбиено тогаш добро ќе размислам. Ампутација е една опција, можам да играм уште десетина години, но потоа ќе морам да живеам до крајот на животот на начин на кој ќе одлучам. Одлуката е многу тешка“, изјави Британецот.

Се вчитува...