Вкупно 65 играчи нема да бидат дел од новата НФЛ сезона поради Ковид-19

Вкупно 65 играчи од професионалната лига во американски фудбал решија да не играат во сезоната 2020/2021, која треба да почне на 10. септември, поради страв од зараза од коронавирус, објавено е откако истече рокот до кој можеа да донесат таква одлука.

Најголеми проблеми поради Ковид-19 ќе имаат Њу Ингланд Петриотс бидејќи вкупно осум стартери се откажаа од играње годинава. Сепак, од НФЛ објавија дека бројката од 65 играчи не е проблем бидејќи со актуелен договор има вкупно 2,600 играчи.

 

Се вчитува...