Поранешниот хокеар на Чикаго Белкхоукс Џереми Роник откри интересна приказна за најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. Имено, тој призна дека пред мечот со Кливленд Кавалирс тој и Мајкл испиле преку десет пива, а потоа Ем-Џеј успеал да постигне 52 поени.
„Го запознав Џордан во голф клуб. Одигравме една партија и успеав да го добијам и да заработам неколку илјади долари. Булс требаше вечерта да играат со Кливленд па мислев дека ќе оди да се одмори. Сепак, земавме пива и пиевме на голф теренот до попладнето. Му реков Мајк зарем не треба да се подготвуваш за мечот вечер? На што ку**иниот син ми возврати… Не грижи си давам повеќе од четириесет поени и ги добиваме со повеќе од 20 разлика. Тоа и се случи Мајк уфрли 52 поени, а ако не се лажам Чикаго славеше со плус 26“, изјави Роник.
Роник покрај за НХЛ тимот на Чикаго, во кариерата настапуваше и за Филаделфија Флаерс, Феникс Којотс, ЛА Кингс и Сан Хозе Шаркс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА