Далас израмни во серијата против ЛА Клиперс со победата во вториот натпревар од првиот круг разигрување во НБА плеј-офот. Далас триумфираше со 127-114, но овој пат не благодарение на Лука Дончиќ кој ја следеше сензацијата на соиграчите од клупата, поради оптеретеноста со лични грешки.
Дончиќ уште на почетокот од третата четвртина стигна до четири лични грешки, но остана во игра. Дури кога ја напушти играта Далас направи серија од 14-4 и третиот период од играта го заврши со 13 поени предност. Дончиќ се врати на почетокот од четвртата, но веднаш направи и петта лична грешка и повторно излезе од игра, а Далас потоа стигна и до 18 поени предност и го реши натпреварот.
Сепак, Дончиќ мечот го заврши со 28 поени, дополнети и со осум скока и седум асистенции, но клучни сега беа неговите соиграчи Порзингис со 23 поени, Хардавеј јуниор со 17 поени, Треј Бурк со 16 поени и Сет Кари со 15 поени. Бобан Марјановиќ запиша 13 поени со 9 скока, за помалку од 10 минути игра.
Luka Doncic passes Kareem-Abdul Jabbar for the most points (70) through his first two playoff games
???
— Hoop Central (@TheHoopCentral) August 20, 2020
На ЛА Клиперс им недостасуваше Патрик Беверли, кој вече долго се мачи со повредата на ногата. Каваи Леонард беше најдобар поединец кај Клиперс со 35 поени и 10 скока, а Пол Џорџ остана на само 14 поени.
За второто изненадување на Западот се погрижи Јута која и вторпат славеше против Денвер, овој пат со 124-105. Никола Јокиќ беше во стандардниот елемент со 28 поени, 11 скока и шест асистенции. Јута беше предводена од Донован Мичел со 30 поени.
Во првиот синоќешен натпревар, Торонто го совладаа борбениот Бруклин со 104-99 и поведоа со 2-0 во серијата. Фред Ванвлет и Норман Пауел постигнаа по 24 поени за победа на Торонто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА