АТП додаде уште еден турнир во календарот за 2020 година

Бројните измени станаа редовна работа во тенискиот календар за 2020 година. За љубителите на тенисот стигна нова убава вест. Се работи за турнирот во Санкт Петербург кој ќе се игра во периодот од 12. до 18. октомври.

Само сезонава турнирот ќе биде дел од серијата АТП 500 наместо од АТП 250 како што беше досега. Организаторите се надеваат дека оваа промена ќе ги привлече најдобрите тенисери и дека ќе послужи како добра замена за големиот број турнири од серијата 500 кои годинава беа откажани поради коронавирусот.

 

Се вчитува...