Леброн Џејмс откри кои се тројцата најдобри кошаркари со кои ја делел соблекувалната во кариерата. Првиот е Ентони Дејвис кој во моментов настапува со него во ЛА Лејкерс, а синоќа беше првото име во победата над Портланд Треилблејзерс.
Другите двајца се Двен Вејд и Кајри Ирвинг. Леброн со Вејд освои два шампионски прстена во сезоната 2012 и 2013, додека со Кајри Ирвинг ја донесоа титулата во Кливленд во историското финале против Голден Стејт во кое се станаа првиот и единствен тим кој успеал во финалната серија да се врати од негатива од 3-1.
Леброн Џејмс има мисија годинава да ја врати титулата во Лејкерс по пауза од 10 години, кога тимот од ЛА тогаш предводен од Коби Брајант стигна до последниот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА