Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ стигна до втората титула на Мастерсот Синсинати. Тој во финалето славеше против Канаѓанецот Милош Раониќ со 2-1 по сетови 1-6, 6-3 и 6-4.
Србинот катастрофално го отвори мечот и му дозволи на противникот да поведе со 1-0, фуриозно освојувајќи го првиот сет со 6-1. Во вториот сет се стабилизираше играта на Ѓоковиќ израмни на 1-1 (6-3) и го одведе мечот во одлучувачкиот трет се. Раониќ прв стигна до брејк и поведе со 2-0, но тоа беше се од Канаѓанецот. Првиот светски рекет освои четири гема по ред, кои беа доволни за конечен триумф од 6-4.
Ѓоковиќ стигна до втората титула на Синсинати турнирот со што стана единствениот тенисер во историјата кој успеал да по два пати да ги освои сите Мастерси. Исто така тој е единствен што ги има обединето сите девет турнири од серијата. Покрај овој рекорд Србинот се уште е непоразен годинава и има 23 победи во низа. Рекордот за најмногу победи во низа од почеток на година е во негова сопственост кога во 2011 стигна до бројката од 43, пред да биде поразен од Роџер Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА