Четвртата турнирска носителка, Наоми Осака го потврди статусот на прва фаворитка за титулата на УС Опен демолирајќи ја Анет Контавет во осминафиналната пресметка, во два сета со само седум загубени гема (6-3,6-4). Длабоко под сенка на случувањата поврзани со Новак Ѓоковиќ тенис продолжи да се игра во Њујорк.
Осака одигра доминантно реализирајќи 21 победнички поен и непокажувајќи знаци на повредата поради која минатата седмица се повлече од финалето на Мастерсот Синсинати. Шампионката од 2018 која има и титула од Австралија Опен од минатата година во четвртфиналето ќе се соочи со Шелби Роџерс.
„Среќна сум што сум уште овде. Оптимистка сум. Се чувствувам добро, чувствував дека нозете ги движам многу добро и среќна сум поради тоа“ – вели Осака.
Таа направи подвиг во 2018 година кога победувајќи ја Серена Вилијамс во финалето стана првата Јапонка со грен-слем титула. Дека тој успех не беше случаен потврди освојувајќи го трофејот на Австралија Опен на почетокот на 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА