Наоми Осака ја победи Викторија Азаренка и ја освои третата гранслем титула во кариерата, а младата јапонска тенисерка на прес-конференциjaта по големиот триумф се појави во дресот на Коби Брајант, посветувајќи го трофејо на големата кошаркарска ѕвезда што го загуби животот во хеликоптерска несреќа во јануари годинава.
„Само сакам да бидам личност каква што Коби се надеваше дека ќе станам. Тој беше уверен дека ќе бидам голема личност, искрено се надевам дека ќе му ги оправдам очекувањата. Цел турнир го носев овој дрес, искрено верувам дека Коби ми даде сила на патот до овој успех“, истакна Осака.
Јапонската тенисерка со овој триумф се искачи на третото место на ВТА-листата, зад Ешли Барти и Симона Халеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

