Диего Шварцман, тенисерот кој успеа претходно да го елиминира и Рафаел Надал, ќе го предизвика најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Рим. Тој во полуфиналната пресметка успеа во три сета да го совлада Денис Шаповалов со 6-4, 5-7, 7-6.
Беше посебно неизвесно во третиот сет кој заврши со тај-брејк. Претходно, дури шест одземени сервиси на двата тенисери, а на крајот сепак славеше Шварцман со 7-4 на поени во 13.гем.
Во женското финале силите ќе ги одмерат Симона Халеп и Каролина Плишкова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА