УС Опен му се поклони на Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Рим со победата во финалето против Аргентинецот Диего Шварцман, и на тој начин стигна до 36. Мастерс титула, што е најмногу во историјата на тенисор.

Со овој Мастерс трофеј зад себе сега ги остави Шпанецот Рафаел Надал кој има 35 титули од овој тип, додека Роџер Федерер е на „само“ 28.

Меѓу бројните честитки кои ги доби за ова свое достигнување, најинтересното сигурно е од УС Опен, кој преку официјалните свои социјални мрежи му честиташе на Ѓоковиќ. Како што е познато неодамна Србинот беше дисквалификуван од УС Опен поради удар со топче на линиски судија.

 

Се вчитува...