Мајк Тајсон сака да се соочи со Ентони Џошуа

Мајк Тајсон вели дека би се израдувал на пресметка со Ентони Џошуа. Легендата смета дека тоа би бил дуел со забавен акрактер, а би имал силен импакт на хуманитарната работа на која е посветен. Тајсон на враќањето во рингот треба да се соочи со Рој Џонс во меч кој исто така е со хуманитарни цели. Овој дуел е закажан за 28. ноември иако проблемите со пандемијата на коронавирусот не дозволуваат датумот да биде и официјално потврден.

„Многу би сакал да се случи тоа. Ќе биде неверојатно. Ако таквата идеја значи дека ќе имаме повеќе приход во хуманиратните акции, би бил среќен да го направам тоа“ – изјави Тајсон на прашањето дали би се соочил со актуелниот светски шампион во тешка категорија во ВБА, ИБФ, ЊБО и во ИБО верзиите.

Џошуа е 24 години помлад од Тајсон кој професионалната кариера ја заврши пред 15 години.

 

Се вчитува...