Отвореното првенство на Франција ќе ги отвори портите за по 1.000 лица дневно, вклучувајќи ги покрај фановите и тенисерите, персоналот и организаторите, соопшти премиерот на Фрнација Жан Кастекс.
„На Ролан Гарос ќе важат истите правила како и сегде. Ќе ја намалиме бројката на луѓе од 5.000 на 1.000“, изјави Кастекс.
Во моментот кога бројот на заразени од коронавирусот во Франција повторно расте, министерот за здравство Оливие Веран изјави дека бројката од 5.000 луѓе за настани на отворено ќе се намали на 1.000, но не беше јасно дали тоа ќе важи и за Ролан Гарос кој на програмата е од 27. септември до 11. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА