Шпанскиот тенисер Рафаел Надал истакна дека условите во Париз ќе бидат екстремно тешки и дека ќе мора даде максимум доколку сака да ја одбрани титулата на Ролан Гарос.
„Чудна ситуација е за сите. Тука е потполно различно отколку во Рим. Таму условите за игра беа добри, тука ќе бидат екстремно тешки. Многу е ладно. Ќе имаме екстремни услови за играње на отворено. Ќе биде потешко од било кога за мене. Топчињата исто така ќе бидат променети ќе бидат спори и тешки, а секако и многу помалку се подготвував него обично“, изјави Надал.
Надал пред Ролан Гарос играше на турнирот во Рим каде доживеа елиминација од Аргентинецот Диего Шварцман. Во првото коло во Париз тој ќе се сретне со Јегор Герасимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА