Американската тенисерка Серена Вилијамс го помина првото коло на Ролан Гарос откако ја елиминираше сонародничката Ан. Серена по завршувањето на мечот беше прашана околу тоа кој според неа е најдобар тенисер на сите времиња, по што Американката даде интересе одговор.
„Не сакам да навлегувам во дебатата кој е најдобар на сите времиња. Не знам кој е. За мене најдобар е Исус Христос“, изјави Серена.
Серена во второто коло на Ролан Гарос ќе се сретне со бугарската тенисерка Цветана Пиронкова против која издвојува победа во четвртфиналето на УС опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА