Мекинро: Не верувам дека повторно ќе го видиме стариот Федерер

Датумот за враќање на Роџер Федерер на терените се уште не е познат, но најверојатно ќе биде на стартот на 2021 година на турнејата во Австралија. За враќањето на еден од најдобрите на сите времиња говореше Џон Мекинро кој не верува многу дека Федерер повторно ќе биде во врвот.

„Тешко е да се замисли Федерер да се врати на нивото на кое беше. Не знам што ќе се случи ако не победува како што го правеше тоа претходно. Да сум јас на негово место, не би уживал ако не победувам. Но, тој и понатаму е легитимен светски број два, три или четири. Ќе видиме како ќе игра“, изјави Мекинро. 

За потсетување Роџер Федерер годинава имаше две операции на коленото, поради кои и да не беше пандемијата од коронавирусот тој ќе ја пропуштеше целата сезона.

Се вчитува...