Шпанецот Карено Буста е последниот четвртфиналист во машкиот дел од ждребот на Ролан Гарос. Шпанецот во осминафиналето го совлада младиот германски тенисер Даниел Алтмаер со максимални 3-0, по сетови 6-2, 7-5 и 6-2.
Пласманнот на Буста во четвртфиналето само по себе не е вест која ќе ја разбранува светската јавност, но информацијата дека ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ по инцидентот во УС опен, кога Шпанецот ни крив ни должен избори пласман меѓу осумте најдобри, откако Србинот со топче несмасно ја погоди линиската судија поради што беше дисквалификуван.
Поради целата приказна што се направи на мечот според фановите на Ролан Гарос ова е вториот најпосакуван натпревар кој сакаа да го гледаат, по можното финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

