Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе го одиграат 56. меѓусебен дуел денеска во финалето на Ролан Гарос. 29-26 води српскиот тенисер во овие пресметки. Новак води и во меѓусебните финални дуели со 15-11, Надал има подобар скор на грен-слем турнирите со 9-6, а во финалињата на најголемите турнири е израмнето 4-4.
Ова се статистичките податоци, но дуелот на „Филип Шатрие“ е многу повеќе од овие бројки. Прво затоа што за двајцата тенисери има историска димензија. Надал со триумф ќе дојде на 20 грен-слем титули и ќе се израмни со Роџер Федерер. Ѓоковиќ пак ќе стане првиот тенисер кој ги освоил најголемите турнири најмалку по двапати. Тој би ја освоил грен-слем титулата број 18 и би дошол многу блиску до ривалите од големата тројка.
Второ и исто така многу значајно. Дуелот меѓу Надал и Ѓоковиќ секогаш носи особена драматика, предизвикува внимание и дополнително е значаен во овој момент затоа што тенисот се бидува да се врати на вистински начин по сите проблеми и застои кои ги имаше поради коронавирусот. Денешното финале ќе биде прва пресметка меѓу најзвучните имиња во тенисот во 2020 година.
&
Clear your calendar. You won’t want to miss this one! ??@DjokerNole | @RafaelNadal | #RolandGarros pic.twitter.com/bwXeSXlO7C
— ATP Tour (@atptour) October 9, 2020
;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА