Дастин Џонсон, голферот број еден во светот добил позитивен резултат на тестирањето за коронавирусот објави PGA. 36-годишниот американски голфер е во самоизолација и се повлече од учеството на натпреварувањето во Лас Вегас кое почнува на 15. октомври. Последниот турнир на кој учествуваше Џонсон е УС Опен во септември.
„Многу сум разочаран. Се надевам дека ќе се натпреварувам оваа недела. Ќе направам се за да се вратам што е можно побрзо“ – напиша Џонсон.
Во понеделникот, Џонсон информирал дека има симптоми и направил тест. Резултатите ги потврдија очекувањата дека се работи за COVID-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА