Рафаел Надал ќе има повеќе Грандслем титули од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, смета младиот руски тенисер Карен Хачанов. Надал во недела ја освои 13. титула на Ролан Гарос, откако во финалето со максимални 3-0 го победи Ѓоковиќ. Шпанецот со победата стигна до 20. грен-слем титула, со што се изедначи со Роџер Федерер по бројот на освоени трофеи.
„Мислам дека на крајот Рафа ќе има најмногу грен-слемови. Тоа е моето мислење. Иако многумина се обложуваат на Ѓоковиќ бидејќи е помлад, мислам дека Рафа ќе биде рекордер. Федерер и Надал комуницираат со нас тенисерите, но тоа се кратки разговори. Новак е различен. Отворен е со нас и сака секогаш да не ислуша“, вели Хачанов.
За потсетување на вечната листа Надал и Федерер се на врвот со по 20 освоени грен-слема, додека Новак Ѓоковиќ има три помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА