Кристијано Роналдо максимално ги налути италијанските здравствени власти со самоволното напуштање на изолацијата пред заминувањето за Португалија, а потоа и со доаѓањето со приватен авион на брза помош во Торино, и покрај тоа што е позитивен на коронавирусот.
Покрај од Комисијата за здравствена заштита, реагираше и Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора кој го обвини Роналдо за свесно кршење на протоколите поврзани со Ковид-19. На Португалецот му се замерува тоа што без да добие дозвола самоволно го напуштил карантинот во хотелот на Јувентус и заминал на собирот на португалската репрезентација. Потоа, пак, и покрај тоа што се очекувало самоизолацијата да ја заврши во Лисабон, се вратил во Торино.
„Роналдо не смеел да отпатува за Португалија без посебна дозвола од надлежните институции. Но, тој заминал самоиницијативно, и претставува прекршување на протоколот“ – изјави Спадафора, кој сепак не откри дали фудбалерот на Јувентус ќе се соочи со казна поради тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА