Легендарниот Мајк Тајсон раскажа нова неверојатна приказна од својот живот, во врска со „кралот“ на поп музиката, Мајкл Џексон. Тој се сети на моментот кога бил понижен од страна на Џексон, поради што се јавила омраза кон него.
„Го запознав на концерт во Кливленд. Таму бев со Дон Кинг, а веќе бев шампион. Дон го поздрави на што Мајкл му врати, истото го направив и јас, но не добив повратен одговор. Се прашав, дали намерно ме „откачи“? Помислав не сигурно не, само не ме виде. Дон и јас потоа отидовме зад сцената, Мајкл доаѓа кон нас, но разговара само со Дон, а мене не ми се обраќа. Одма реков дека сакам да го запознам. Отидов до него, а тој ме праша од каде ме познава бидејќи сум му познат? Ми го уништи егото. Му реков дека сум само фан и дека ми е задоволство што го запознав. Тој седна во автомобилот и само замина. Години подоцна се дружевме. И можам да кажам дека беше прекрасен човек, но тој ден никогаш нема да заборавам како ме понижи“, вели Тајсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА