Мајкл Џордан смета дека актуелнава ера на интернет и социјални мрежи би била особено тешка за него. Со оглед дека речиси се, а особено во НБА лигата се одвива на Твитер, од официјални објави, па се со лични ставови на играчите, но и медиумски текстови повразни со нивниот приватен живот, легендата на НБА лигата вели дека ова би било тешко време за него.
„Тајгер Вудс помина низ тоа, а јас како Мајкл Џордан не знам дали би преживеал во ова „Твитер време“ во кое буквално немате никаква приватност, а секоја ситиница, дури и најмалата најчесто е погрешно протолкувана или интерпретирана на погрешен начин“ – вели Џордан.
Во времето кога тој беше суперѕвезда интернетот беше во зачаток, а ако се има предвид неговиот контроверзен живот, Џордан дефинитивно би бил во фокусот на вниманието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА