Поранешниот тренер на Хјустон Рокетс, Мајк Дентони се приклучи во стручниот штаб на Стив Неш во Бруклин Нетс. Покрај Дентони, од претходно се знае дека дел од стручниот штаб на Бруклин ќе биде и Амаре Стодемаер.
Овие тројца соработвуаа заедно во Феникс Санс во нултите години на овој век, кога тимот од Аризона неколку сезони по ред беше меѓу најдобрите тимови во лигата. Стив Неш на двапати беше најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната, но оваа тројка ниту еднаш не успеа да стигне ни до финалето во НБА лигата.
Овојпат ќе се обидат заедно, сега како дел од тренерскиот тим да им помогнат на Кевин Дурент и Кајри Ирвинг да ја донесат титулата во Бруклин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА