Поранешниот шампион во супер тешка категорија Дионте Вајлдер, повторно вербално го нападна Тајсон Фјури. Очигледно се уште е лут поради поразот, но овој пат навистина ги премина сите граници.
„Едвај го чекам мечот со Фјури. Нека земе нека почне да го договара својот погреб. Кога тоа ќе се случи ќе дојдам да плукнам на неговиот гроб“, изјави Вајлдер.
Ова не е првпат Американецот да користи ваков речник. Во 2009 година пред мечот со Бразилецот Доминик Бризиља изјави дека неговиот противник може да умре во рингот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА