Додека целиот свет оддава почит на аргентинскиот ас Диего Армандо Марадона кој почина на 60-годишна возраст, шпанска фудбалерка одби да даде признание со едноминутен молк за, како што рече, докажан насилник над жените.
Шпанката Паула Дапена, за време на едноминутниот молк пред натпреварот на нејзината екипа Виахес Интеријас, седна на тревата вртејќи го грбот. По мечот истакна дека не планира да даде почит за докажан насилник и злоставувач над жените.
„Одбив да оддадам почит затоа што тој беше насилник над жените, долгогодишен злоставувач. И сите тоа го знаеја, ама системот ги штити таквите заради некаков придонес за фудбалот. Да, беше одличен фудбалер, но што со тоа ако беше очаен пример за човек надвор од терените. За какви вредности ние зборуваме и поддржуваме? Затоа седнав и го свртев грбот. Доволно е да се слушне мојот глас. Дали некој некогаш дал почит со едноминутелн молк за сите жени жртви на насилство? Епа, јас нема да оддадам почит на сторител“ – истакна Дапена.
Овој нејзин потег наиде и на одобрување кај дел од шпанската јавност, која бара отворено да се зборува и за сите славни лица, а ги има многу, кои имаат проблеми со семејното насилство. А, ги има се повеќе на број.
Her name is Paula Dapena, she plays for Viajes Interrías Female Football Club in Galicia, northwestern Spain.
She refused to keep a minute of silence for Maradona as a protest because he was an abuser against women.
Stand up for your values is easier said than done.
Well done. pic.twitter.com/K4DP6KCDYA— Jordi Arrufat (@Jordiarrufat) November 29, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА