Се врати НБА лигата – Клиперс не може да ги добијат Лејкерс ниту на подгототвки (ВИДЕО)

НБА тимовите почнаа со своите подготвителни натпревари, откако изминатата ноќ се одиграа пет меча. Актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс и без услугите на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Марк Гасол… го совлада градскиот ривал Клиперс со 87-81.

Тејлен Хортон со 19 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Кајл Кузма уфрли еден помалку. Кај Клиперс во кој играа и Ленард и Џорџ најефикасен беше токму Џорџ кој уфрли 10 поени.

Во останатите мечеви од понудата Атланта – Орландо 112-116, Детроит – Њујорк 84-90, Чикаго – Хјустон 104-125 и Портланд – Сакраменто 127-102.

 

Се вчитува...