Титулата е обезбедена на најдобар можен начин – со победа над вечниот ривал. Барселона го совлада Реал на „Ел Класико“, и ја потврди новата шампионска титула во Шпанија.
Само еден ден по дефинитивно обезбедениот трофеј, вечерва во Барселона се славеше. Стотици илјади луѓе излегоа на шампионската парада низ улиците на каталонскиот град за да го прослават овој успех.
Во отворен автобус, новите шампиони имаа фешта со своите фанови. Тука беше и Ханс Флик кој и покрај смртта на својот татко, прослави заедно со фановите.
Barcelona is blue and red 💙❤️ pic.twitter.com/eQUqnVPV59
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
