Џејкоб Вајли привремено е без клуб по раскинот на договорот со Гран Каранија, откако американскиот центар се зарази од коронавирус на „балонот“ во Талин пред дебито за македонската репрезентација.
Вајли беше еден од четворицата македонски репрезентативци кои беа позитивни на коронавирус пред квалификацискиот турнир во Естонија, но Американецот и по заминувањето од Талин се уште чувствувал последици од болеста. Поради ова, во договор со челниците на Гран Канарија привремено е раскинат неговиот договор со шпанскиот клуб, по што американскиот кошаркар се вратил назад во татковинта.
„Гран Канарија и Џејкоб Вајли постигнаа договор за привремен раскин на договорот. Со овој раскин, на Американецот му е дозволено да се врати назад во татковината по последиците на Covid-19, откако се зарази од вирусот пред неколку недели при тренинзите со македонската репрезентација. Клубот му посакува многу среќа за што побрза физичка и психолошка рехабилитација, по што би го чекало враќање назад во тимот“, се вели во соопштението на Гран Канарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА