Кристијано Роналдо продолжува да испишува рекорди откако асот на Јувентус се запиша меѓу стрелците на денешното гостување на португалската репрезентација против Луксембург.
Тоа беше прв гол на Кристијано за Португалија во 2021 година, со што Роналдо ја продолжува серијата да постигнува најмалку по еден погодок во репрезентативниот дрес годишно. Оваа серија трае уште од 2004 година, кога младиот Кристијано стрелаше прецизно на дуелот со Грција во рамките од ЕВРО 2004, дуел што Португалија го доби со 2-1.
Денешниот погодок беше вкупно 103. во репрезентативната кариера на Кристијано, кому сега му недостигаат само уште шест погодоци за да го достигне апсолутниот рекордер, Иранецот Али Даеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА