Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти!
Редовна чест со елитните натпревари во Mozzart.
Осминафиналето на ЕУРО е при крај, а букмејкерите на Mozzart за денес подготвија две поклон квоти од собирот на најдобрите селекции на Стариот континент, кои во секој момент ќе имаат најголеми коефициенти на свет!
Проверете, навистина е така.
Mozzart ти нуди можност да освоиш 50.000 денари секој ден за време на Европското првенство. Сè што е потребно да направиш е да го ПРОМАШИШ ТИКЕТОТ. За што се работи?
За време на Европското фудбалско првенство, тикетот со најголема погодена квота, а со само еден промашен пар, освојува 50.000 денари. И така секој ден! Тикетот мора да содржи најмалку четири парови кои се играат тој ден, при што еден пар од тикетот задолжително мора да биде од Европското првенство во фудбал.
Англија – Германија (вторник, 18.00), кец 2,70
Вистинско уживање, можеби и најинтересниот дуел од осминафиналето на ЕУРО. Не само поради квалитетот на Англија и Германија, но и поради историското ривалство помеѓу овие две нации. Последен пат „Гордиот албион“ и „Панцирите“ меѓусебно играа во пријателски натпревар пред помалку од четири години кој заврши 0:0. Пред тоа Германците впишаа две победи од 1:0, а Англичаните имаат една од 3:2. Во последниот официјален натпревар, Германија на Светското првенство во 2010 година славеше со 4:1. До нокаут рундата на ЕУРО, „Гордиот албион“ стигна како лидер од Групата Д, каде ги совлада Чешка и Хрватска и ремизираше со Шкотска, додека пак, „Панцирите“ завршија како второпласирани во „групата на смртта“, бидејќи ја совладаа Португалија, играа нерешено со Унгарија и загубија од Франција.
Зарем има подобар начин од тоа да го поминете летото гледајќи репрезентативен фудбал, со ладно пиво и тикети со вашите добитни комбинации?
Mozzart ви нуди единствена можност да добиете пакет од 24 пива Скопско за време на Европското фудбалско првенство! Како до нив? Кликнете тука.
Шведска – Украина (вторник, 21.00), кец 2,60
Ако дуелот помеѓу Англија и Германија е дерби на осминафиналето на ЕУРО, дуелот помеѓу Шведска и Украина е спротивно од тоа. Без сомнеж најнеатрактивниот натпревар на смотрата на најдобрите на континентот. Швеѓаните се покажаа како цврста и компактна репрезентација која би можела да стигне далеку. „Сино-жолтите“ играа четвртфинале на минатото Светско првенство, додека Украина има добра и талентирана генерација, но впечатокот е дека не може предалеку. На официјалните натпревари двете селекции имаат играно само еднаш, уште во 2012 година, кога Андреј Шевченко постигна два гола за Украина, а Златан Ибрахимовиќ еден за Скандинавците. Шевченко денес ја води Украина како селектор и до осминафиналето неговата селекција стигна од третото место во Групата Ц, бидејќи после поразите од Холандија и Австрија, ја совладаа Македонија. Од друга страна пак, Шведска заврши како победник во Групата Е, пред Шпанија со која ремизираше и Словачка и Полска, кои ги совлада.
Македонската фудбалска репрезентација испиша историја и за прв пат оваа година играше на Европското Првенство. За целата оваа фудбалска бајка да биде уште поубава, се погрижи Mozzart. Mozzart за секој гол на Македонија на првенството, донираше по МИЛИОН денари во хуманитарни цели. Македонските фудбалери постигнаа два гола, и со тоа беа собрани 2.000.000 денари во хуманитарни цели.
Промотер на кампањата беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – Борка – за секој нов ден (Здружение за борба против рак) и Дајте ни Крилја (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби).
Уживајте во фантастичните натпревари и заработите во Mozzart.
* Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА