Пролет се зацврсти на врвот на табелата во плејаутот откако скопскиот прволигаш славеше на вечерашниот дуел со Струга со резултат 35-30. Избраниците на тренерот Лембанов и третпат сезонава успеаја да слават над овој ривал, зголемувајќи ја предноста во однос на најблискиот противник на табелата на четири бода.
Стружани успеаја да парираат само дваесетина минути, период во кој се одржуваа на само еден гол негатива (13-12). Пролет успеа да се одлепи пред крајот на полувремето, поведувајќи со 18-15, за потоа дилемите околу победникот да ги разреши на почетокот од второто полувреме (25-20, 27-21). Остатокот од мечот мина во рутинско одржување на предноста од страна на домаќините, кои заслужено славеа со конечни .
Дејан Пецаковски со осум гола беше прв стрелец на Пролет со осум гола, по пет реализираа Пецаковски и Палевски, додека Барјактаревиќ со осум гола ги предводеше стрелците во таборот на Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА