Скопје 2020 стигна до првата победа во плеј-аутот на ракометното првенство откако во драматичен натпревар славеше над Прилеп со 23-22. Натпреварот го отслика изедначен ритам од почетокот до крајот, а херојот на скопјани беше Александар Василевски кој во последните секунди го совлада гостинскиот голман.
Ниеден тим не успеа да го наметне своето темпо на отварањето на средбата, па и покрај тоа што Скопје 2020 имаше два разлика на полувремето резултатот гласеше 10-11 во полза на гостите. Прилепчани беа оние кои поведоа со два гола во вторите 30. минути (15-17), но и гостите не успеаја да го задржат ритамот па следеше ново враќање на домаќините за победникот да биде одлучен со голот на Василевски на три секунди пред крајот.
Токму Александар Василевски беше најрасположен кај домаќинтие со пет гола, а него го следеа Филип Василевски, Марио Мишевски и Леонид Киселовски со по четири. Марио Гичев постигна седум гола за гостите, шест додаде Давор Шокоски, додека со пет гола мечот го заврши Чантурија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА