Ракометниот шампион на Македонија Вардар, ќе треба да плати парична казна од 60.000 денари, а капитенот на тимот Стојанче Стоилов доби еден меч суспензија, е епилогот од дерби натпреварот на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кој минатата сабота се играше во СЦ „Јане Сандански“.
Битолчани стигнаа до голем триумф со кој се чекор поблиску до освојување на шампионската титула. На крајот на мечот капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов бурно реагираше на една одлука на главните судии Начевски и Николов, по што доби директен црвен картон, а Ракометната федерација на Македонија одлучи да го казни пикерот со еден натпревар суспензија поради директно заработениот црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА